Цвета од Скопје моли за помош за да не останат гладни нејзините чеда, малата Софија ја теши: Не плачи мама

„Не плачи мама“, ова се зборовите на 6-годишната Софија, ќерка на Цвета Кузмановска од Орешани. Самохрана мајка на две дечиња .

Од кои ќерката е со чести епилептични на пади. Цвета бара помош од сите хумани граѓани кој колку може да помогне да не стра даат нејзините деца чија најголема желба е да имаат детска соба

– Многу бо ли кога детето ќе ти побара нешто а ти не можеш да му пружиш, тоа е нешто што додирнува до срце, вели Цвета пред камерите на ,,Сител Телевизија”

Цвета од неаодамна останува без својот сопруг, таа останува со своите две мали деца, кој имаат шест и осум години, девојчето е во лоша здраствена состојба.

– Додека беше сопругот жив, стегавме некако крај со крај, се трудевме и изнајдувавме решение, но сега ситуацијата е многу лоша.

– Дете како дете си бара, ти не можеш да му кажеш дека нема, живееме во голема неизвесност, сме останувале честопати и гладни.

– Бо лката е се уште свежа, тој ми остави две дечиња за кој морам да живеам, како секое дете си бараат и заслужуваат, вели Цвета.

– Најголема желба им е да имаат своја детска соба, и го заслужуваат тоа, додава оваа храбра мајка која со солзи во очите ја раскажува судбината.

Малата Софија иако толку мала, сепак е свесна за некој работи и често нејзините желби ги крие од мајка си бидејќи знае дека не може да и ги исполни.

,,Патриотско друштво” и локалното училиште во Орешани се грижат за да им обезбедат храна на ова семејство и основните потреби за живот.

Голем проблем на ова семејство е кровот, кој бара целосна реконструкција, бидејќи при секој обемен дожд, водата навлегува во домот.

Исто така голем проблем за ова семејство е тоа што Цета е невработена, но бидејќи нема кој да се грижи за децата таа не е ниту во можност да оди на работа.

– Упатувам апел до сите граѓани да ми помогнат кој колку, може да не трпат овие деца за леб, исто така имам и голем кредит кој ме носи во неизвесност, вели во солзи Цвета.

Сите оние кои сакаат да помогнат на семејството Цветковски може да ја контактира Цвета на 077 989 551 или да донираат на трс.сметка 200003962828680, Златко Кузмановски