Цветко има срце планина: Донирал бубрег на жена што не ја познава и и го спасил животот
Живееме во време каде што личниот интерес е на прво место, парите превладуваат, а она човечкото во нас се губи постепено.
Се брза и се цели само на пари, а има се помалку љубов, почит, разбирање, хуманоста се сведува на минимум и добрите дела.
Но дека се не е така црно и дека се уште постојат хумани луѓе говори примерот на Цветко Кириќ човек од Лопаре кој донирал бубрег.
Донирал бубрег на жена што не е негова роднина, ниту познаничка, туку прв пат ја гледа, станува збор за Зорица Докиќ која се уште се опоравува од зафатот во Истанбул.
– Не знам како да те наречам? Јас имам еден брат, а ти си мојот втор. Ти благодарам брат што ме ослободи од моите ма ки.
– Овој човек е човек со огромно срце. Човекот кој се понуди да ме спаси без ниту еден денар. Не сакаше да ги земе парите ни сок да се напие, каков човек.
Човек кој ја докажа хуманоста и човечност. Неговата постапка нема цена – стои во објавата на Зорица Дукиќ објавена на Фејсбук.
-Додека барав донатор, наидов на многу уценувачи кои бараа големи суми пари, а Ќиро без ниту еден денар, па заклучете за каков човек станува збор.
– Легенда! Значи сè уште има луѓе со големо срце. Ти благодарам брат, никогаш не можам да те заборавам. Велам имам еден брат, ти си мојот втор – вели Зорица.
Заедно со оваа објава беше објавена и фотографија на која се Зорица, Цветко, преведувачот на Мубер и Селен, координаторката.
– Му благодариме на Цветко, човек со големо срце кој донираше бубрег и и го продолжи животот на Зорица. Благодарам – стои под фотографијата.