Цената им порасна, а еден продавач ги дава за џабе – може да го контактирате во порака, предност имаат само млади парови

Иако цените на домашните јајца вртоглаво пораснаа, има и продавачи кои подаруваат јајца!

Гестот на еден човек од Ваљево кој продава домашни јајца ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Имено, тој одлучил да им подари јајца на брачни парови со деца.

-Три пати подарувам по 20 јајца, приоритет на помладите брачни парови. Во петок на пазарот во Колубара 2 може да се подигнат јајцата.

Прво, контактирајте во сандачето за пораки – стои во објавата на овој човек, која е споделена во групата „Онлајн маркет Ваљево“.

Многу корисници на социјалните мрежи го пофалија потегот на овој човек.

– Честитки. Го следам советот на мојот покоен татко: „Раката што дава никогаш нема да биде празна!“ Само напред – стои во еден од коментарите.

Човекот кој донира јајца изјавил и дека донирал 80 јајца на четири семејства.

– Браво за овие ситници, голем човеку. Вашето малку е многу за некого. Господ да плати за вашиот гест – напишала една госпоѓа.