Јанко Јади бурек: Јас се борам да преживеам

Ако кажеме дека нема човек во Македонија кој барем еднаш не слушнал за Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител, нема да погрешиме.

Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Тој на социјалните мрежи пред некој ден привлече поголемо внимание откако објави фотографија и притоа напиша:

Моето слаб еење не со цел некаква естетика, тука како единствен начин за борба против сериозни здравствени тегоби и не една туку повеќе. Иако има огромно подобрување, долго ќе трае целиот процес. Јас не се борам да осл абам, туку да преживеам

Првата сликана ноември 2022, на велешко езеро, втората март 2023 Лимак. Разлика преку 26 килограми 115 > 89. Со програма и борба. Се уште сл абеам и ќе сла беам. Како? Утревечер во Јади Бурек детално.