Јовица од Штип: Ве молам за два кубика дрва, ветувам дека само навечер ќе се греам

Во тек е зимната сезона, луѓето на најразлични начини ги затоплуваат своите домови, како што се на дрва, струја и слично.

Но за жал цената на дрвата е многу висока, исто така и на струјата, па така голем дел од граѓаните не можат да си го овозможат тоа.

Јовица Ристов од Штип е работно неспособно лице кое очајно моли за помош, поточно бара само два кубика дрва за да може да се згрее.

– Досега немам набавено дрва, не сум се ни топлел. Јас не сум лаком, барам само два кубика дрва за да можам да се стоплам.

– Што се вели да можам да го поминам зимото. Не можам да се греам на струја, бидејќи немам пари, гледам да заштедам од сите страни.

– Од уредите дома, само телевизорот ми работи. Преживувам благодарение на Бог и на светиите, ги молам сите хумани граѓани да ми помогнат.

– Јас не барам пари, мене ме чува Бог и сум му благодарен, сум голем верник и верувам дека ќе ја надминам ситуацијата, додава Ристов.

Егзестенцијалната неизвесност за Ристов е на големо ниво. Тој до сега функционира благодарение од помошта на манастирот Св.Троица и со помош на хуманите граѓани.

Тој упати апел токму преку телевизија ,,Стар” за која вели дека доколку му се помогне ветува дека ќе се грее само навечер.

– Јас немам доволно финансии, премрзнат сум, ветувам дека ќе се греам само навечер, колку да се помине денот, вели за крај Јовица.