Јорданчо и Даниел од Кочани живеат во инпровизирани шатори во градскта депонија: Сцени од кое срце ќе ви се расплака

Импровизран дом од најлон, душек налик на кревет, живот на депонија. Јорданчо Пешев од Кочани со неговата сопруга веќе подолг временски период живее во шатор кој самиот си го направил на градската депонија во Кочани.

На сонце, но и дожд, на минусни температури, во ми зерни услови живее, прехранувајќи се од собирање пластични шишиња.

Пред камерите на М-Нет телевизија вели живеат во многу тешки услови, работа не може да најде, зема социјална помош која е минимална, а за парче леб вади собирајќи шишиња од депонијата.

„Зaшто немам егзистенции каде да живееме, имам една трошка соба дома во градот, детето нема каде да ми живее и затоа јас морав овде да дојдам да живеам.

Со кои услови, условите се тие, овде собираме шишиња. Социјална помош ми даваат и толку, барам работа ама немам.“ – вели Пешев.

Идентична е судбина и на Јованов Даниел и неговата сопруга, кои исто така живеат во импровизиран дом, веднаш до шаторот на Пешев на градската депонија во Кочани.

Условите ката строфални. Подигнал кредит и купил возило за да може да работи и да го издржува своето семејство, сега живее собирајќи шишиња и пластика и мака мачи да ги отплати ратите за кредит. Вели нема да живее, нема каде ниту да работи.

„Овде животот е кат астрофа, ама сиромаштија е и немаме дека мора да живееме овде. Мајка болна, треба да се чува, дете дома треба да се одржава.

Пари дали за лекови да искарам, дали да плаќам за кредит да купам едно комбе да вадам едно парче леб и никаков е животот овде. Цел ден бркаме по камионите и да сакаш да работеш не можеш“ – додава Јованов.

Бараат помош од надлежните, но и од хуманите граѓани. Велат не им е потребно многу само нормален топол дом и кров над глава.

Двете семејства на градската депонија во Кочани живеат повеќе од неколку години, скромно бараат помош од хуманите граѓани, но и од надлежните да живеат во нормален дом и да добијат работа за да можат да се прехранат нив и нивните семејства.

Целата сторија со виде прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.