Јордан Митев не можеше да се воздржи: Во денешно време секоја будала може да каже што мисли

Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува тогаш забавата е неизбежна.

Родум Митев е од радовишко, односно потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село,а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Фолк-пејачот Јордан Митев е еден од ретките пејачи кој си ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи.

Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.

Овојпат, Митев очигледно повторно нешто е испровоциран затоа што на својата официјална Фејсбук страница сподели статус во кој вели:

Во денешно време секоја будала може да каже што мисли, иако таа будала не е способна да мисли прво за себе, а кога ќе се соберат повеќе будали со исто мислење, тие креираат општо мислење, правец и начин на размислување и делување.