Џамбазов: Уште на третиот ден од врската со Илина знаев дека ќе раскинеме

Како што е веќе добо познато актерот и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова не се повеќе заедно.

Сега дефинитивно е крај за емотивната врска која последниве години беше под будното око на јавноста. Игор во интервју за „Беркстејџ“ зборува за крајот на нивната љубов и вели дека виновник едноставно не постои.

Џамбазов и алпинистката Илина Арсова важеа за еден од најпопуларните парови во Македонија и постојано споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи.

Џамбазов за првпат јавно зборуваше за крајот на љубовната врска со Илина и кажа дека виновник за нивната разделба е животот.

-Ова мораше да се случи, виновник е животот, нејзината слика ми е уште на ѕидот. За 60-годишник сум подготвен да поднесувам и порази, но ова не го сметам за пораз. Знаев дека ова ќе се случи, а знаеше и Илина.

На третиот ден од нашата врска, таа ми кажа дека сака да оди во Америка и таму да работи, кажа Џамбазов за „Бекстејџ“.