Познато зошто авионот на Визер од Германија кон Македонија итно слета во Италија

Како што веќе информиравме, попладневно ни пристигна вест која вели дека еден од авионите на „Визер“ кој летал на реалција Германија – Македонија кон Охрид не пристигнал.

Авионот на „Визер“, кој денес полетал од Дортмунд, Германија, место во Охрид, принудно слета во Венеција, Италија.

Како што се наведува на пат кон Охрид пилотот побарал итно да слета во Венеција.

Принудното слетување го регистрира „Флајтрадар“ преку чии апликации во живо се следи авионскиот сообраќај.

Авионот на „Визер“ кој полета од Дортмунд кон Охрид, а итно слета во Венеција, познато е од кои причини.

„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот морал итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош.

Дали патникот е маж или жена и повеќе детали за бо леста се уште не се споменуваат. Моменталната здравствена состојба на посоченото лице, исто така, сè уште е нејасна, освен дека моментално е во болница“, изјави портпаролот на аеродромот.