Боре од светиниколско низ солзи: Јадам сув леб, од проблеми не можам ни да спијам
Боре е роден и пораснат во Каратманово. Можеби немал толку тежина и несреќи во минатото колку што подоцна му се јавуваат во животот. Старата родна куќа во распаѓање станува минато за нивното семејство, откако нивниот брат инвалид добива плац со куќа во која се преселуваат со родителите и другите членови во семејството пред многу години. Во тоа време бил со план веднаш до таа куќа да направи и свој дом откажувајќи се од делот во куќата на братот.
Брат му му дозволил додека не го направи својот дом да остане во една од неговите соби. Сепак тој период се пролонгира и трае со децении. Зашто Боре, не претпоставил дека долгогодишната болест на сопругата и заминувањето на двете деца од него само ќе ја попречат работат и отежнат животот. Иако, тој е вработен, пред неколку години подигнал кредит и купил потребни материјали, но оттогаш и се задолжува во банките. Куќата стои сеуште не доправена, сопругата здравствено е се полошо, а Боре тоне се подлабоко. Во четири туѓи ѕидови тој секој ден го купува и тешко живее, станува и легнува со солзи, па затоа се надева дека хуманиот народ ќе му помогне да ја доправи куќата и ќе може со болната жена да се пресели наскоро во неа.
Боре Ангелов е човек во семејство од осум деца кои сиромашно живееле преселувајќи се од Село Станци Крива Паланка во Каратманово, Свети Николско. Во 80-те години поради братот инвалид добиваат куќа која подоцна ќе остане на постариот брат и во чиј дом и ден денес живее Бора со сопругата бидејќи иако подигнал кредити и купил материјали за градба сепак стигнал до некаде, па жена му се разболува и работите фаќаат друг терк. Децата си заминуваат од малата соба во која го минале половина од животот и Боре денес е сам, заглавен во кредити и во безизлезна ситуација.
-Потекнуваме од Паланка. Уште одамна дојдовме во Каратманово со родителите. Осум деца сме. Во 1979 година добивме место тука бдејќи еден од браќата ми беше инвалид. Тогаш ги ставивме и темелите на мојата куќа. Се оженивме со браќата и почнавме да живееме тука. Подоцна родителите рекоа дека брат ми има четири деца него ќе му остане оваа куќа, а ние требаше да се откажеме. Брат ми ме остави со фамилијата во оваа соба. Но, тежок е животот. Не успеав да ја направам куќата. Иако, земав матријали и се сам сум копал, сепак не одеше како што планирав. Жена ми сериозно се разболе. Децата се тргнаа од мене, и јас останав сам. Се е на мене. Немам никаква поддршка- ќе рече Боре.
Боре ќе каже дека живее многу тешко, и поради болеста на сопругата и поради состојбата во која е навлезен. Откако ќе врати за рати во банките не му останува ниту денар за да преживее. Вели дека некогаш јадат и сув леб, а, често не може ниту да спие од проблеми и постојано плаче.
За жена му зема 4700 денари нега но на истите тие додава уште 2000 денари за да и докупи лекови за месецот. Таа секој ден оди на дијализа и има и други сериозни хронични болести. Па, затоа Боре прво ќе се помоли да оздрави жена му, а потоа да му помигнат да ја допраи куќата за да може барем еден ден да му биде светол и во свој дом.
-Ниту спијам, ниту можам нешто да правам. Работам и недели само пвеќе да заработам. Но, бидејќи за материјали подгинав кредити за да ја направам куќата, многу заглавив. Не очекував дека и жена ми вака ќе се разболе и дека ќе останам сам. Сега земам плата и цела ја давам за рати за кредити, а од негата на жената 4700 денари додавам уште 2000 денари за да и докупам лекови. Дури и во болница што лежеше и и ставаа катетер уште не сум платил. Оди и на дијализа и многу и е лошо. Пам прво посакувам да оздраве таа, па потоа и куќата да ја доправам со помош на луѓето што се хумани-додадава овој кутар човек за Срце на Дланка.
Секој од нас е создаден од душа и сила. И, многу можеме кога знаеме дека нештото има смисла. И, дека вреди да се бориме за својот сон иако и убавите и лошите моменти понекогаш одат заедно. Затоа тука се пријателите и луѓето со душа, кои знаат да ја увидат човечката болка и искрено да ни подадат рака кога ни е потребна.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Боре тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 077540976 или на неговата жиро сметка 200003514477317