Kапа до под за овие македонски доктори и приватна амбуланта: Бесплатно одат во домашна посета

Докторот Ненад Лазаров веќе и е добро познат на пошироката македонска јавност. Тој беше матичен лекар во своја приватна амбуланта, а во меѓувреме замина да работив како гиниколог.

Но тој остави стручен тим во амбулантата со која менаџира, па така на својот профил на фејсбук сподели.

ПЗУ Медика Вера – Домашна посета ја направив со една идеја и цел, пред се,да направиме таква услуга да биде достапна со пристојна цена,

а паралелно со тоа да можеме излеземе во пресрет и помогнеме онаму каде е потребно а луѓето не се во можност да платат.

Е сега сите учиме во од, па така и во оваа ситуација, научивме дека на луѓето од загрозени категории им е срам да побараат помош, иако ние не бараме никаков доказ за тоа дека не сте во можност да платите.

Затоа од денес, ве молам, кој има потреба а не може да си дозволи, доволно е да се јави на 075 33 77 99 и да каже дека има потреба од “промотивен пакет” а ние без никакви дополнителни прашања ќе се потрудиме во најкраток рок да ви излеземе во пресрет бесплатно.

Достоинството нема цена! За сите останати, цената е 1300 денари. Тука сме за вас

Ова се однесува за Скопје и околината, навистина немаме капацитет за повеќе и ван Скопје.