Дунавка Трифуновска: Ама Цули пак ќе ја барате ,бидејќи нема замена за Цули

Познатата македонска мисица Дунавка Трифуновска се огласи неодамна на инстаграм каде што објави:

Битк ата на социјалните мрежи прелеана во партиските мрежи, за тоа кој колку пари заработува,кој со кого пие кафе,кој кого љуби,кој со кого оди на одмор,кој оди на работа а кој не – е однапред изгубена.

Живееме Живот без правила во кој најчесто се напагаат жени за тоа дали нешто заслужиле и на кој начин го стекнале.

Гледам и дека Цули ја напаѓаат нејзините, тие на кои до вчера им ги чуваше децата до 2 и 3 часот наутро, им доаѓаше и дома и им беше достапна 24/7.

А не се чекираше и не зборуваше за тоа гласно. Ама Цули пак ќе ја барате ,бидејќи нема замена за Цули.

Докторка во државна болница во Македонија не може да биде профитер исто како што волонтер не може да биде профитер.

Тие имаат дела што не се од кал и не ги мие дожд. Има работи што се направени од срце, и напишани со к рв и пот. А до вчера Ви беа хероини!