Балканската ѕвезда која пред неколку дена настапи во Македонија, откако се врати дома ќе си има работа со полицијата

Минатиот викенд како што е познато во Штип по неколку години пауза се одржа традиционалната Пастрамалиијада.

Помеѓу главните ѕвезди беа хрватските гости Јелена Розга и Тони Цетински кои настапија во две оделни вечери.

Полицијата го сомничи пејачот Тони Цетински дека извадил лажна ковид-потврда, тврдат хрватските медиуми.

Во најновата акција УСКОК која беше изведена во средата утрото, уа псени се 12 лица меѓу кои и поранешна медицинска сестра од Домот за здравје „Загреб – Запад“, Петра Румиха.

Како што пренесуваат медиумите, бројот на лица кои полицијата ги пријавила со лаж ни ко вид-потврди е многу поголем, а меѓу нив е и Цетински. Од таму велат дека потврдите ги извадиле со помош на Румиха, но и други посредници.

По појавување на пандемијата Цетински во повеќе наврати објавуваше ант иваксерски ставови. На почетокот, особено по воведувањето на карантинот и издавањето на ковид-потврдите, Цетински беше еден од најистакнатите јавни личности кои ги спореа овие мерки.

„Кој сака нека се вакцинира, јас немам ништо против. Но, не дозволувам да ме вакцинирате мене. Отворете Голи Оток за нас кои не сакаме вакцина, па ставете ни лисици, приве детe нè, затворете нè, заклучете нè, чекајте да заспиеме или успијте нè, па потоа на сила вакцинирајте нè.

Но, нема шанси да ви дозволам да ме вакцинирате доброволно“, беше една од неговите објави.

Уште по же сток беше кон ковид-потврдите во декември 2021 година. Го откажа и концертот во Задар кога дозна дека без ков ид-потврди публиката не може да дојде на концертот.

„Моите соработници (15 семејства) кои секогаш беа дел од погонот и нашето делување на сите концерти, мојата публика и јас би биле пресреќни да засвириме и да пееме како и многупати досега во Задар.

Сакаме да доаѓаме и да се забавуваме во овој прекрасен град, но, ете повторувам ко вид-потврдата на нашите концерти не e во согласност со нашите животни убедувања и не сакаме да бидеме купени за да ги промовираме, а не пак да поддржуваме спроведување на истите“, објави тогаш Цетински.