Владата на Германија на своите граѓани за родендн ќе им дава по 200 евра

Германија од година во година станува дом на многубројни странци кои во потрага по подобар живот се селат токму таму.

Тоа вклучува и голем број Македонци, па нашата дијаспора во Германија е една од најбројните токму во оваа западно европска држава.

Минатиот петок Бундестагот го одобри сојузниот буџет за 2023 година, а според него околу 750 илјади германски граѓани за својот роденден би можеле да добијат 200 евра од државата, јавуваат германските медиуми.

Владата сака да ги поттикне младите да одат на културни настани.

„Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме младите за различноста на културата во нашата земја“, изјави министерката за култура, Клаудија Рот од редовите на Зелените.

Тоа ќе биде таканаречена „културна пропусница“ на која ќе има 200 евра, а со тоа треба да се поддржи и културната индустрија која се уште се бори со последиците од пандемијата.

Средствата, според медиумите, ќе бидат наменети за книги, посети на музеи и изложби, кино, концерти, театарски претстави и слично, но реализацијата се уште не е целосно јасна.