Голема радост за Бранко Црвенковски и неговото семејство – нека им е честито

Бранко Црвенковски е поранешен претседател и премиер на државата. Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Но веќе одамна не е активен на политичката сцена и ужива во пензионерските денови со своите најблиски, фамилијата.

Од време на време во последните години знаеше да се појави на некој самит како во нашата држава, така и во странство, но тоа беа ретки случаи.

Бранко Црвенковски со сопругата Јасна има две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски кој, во времето на владата на СДСМ во 2002-2004, беше министер за внатрешни работи а потоа, неколку месеци, и премиер.

Македонија Бранко Црвенковски, стана дедо, откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко.