Еве што објави последно Зоран Буревесник пред да заврши во болница откако го нечекале пред зграда

Новинарот Зоран Божиновски познат како Буревесник доцна синоќа заврши во болница откако во Битола бил пречекан пред зградата каде што живее.

По не милиот настан Божиновски се здобил скр шеница на носот и други по вреди на главата констатирани во болницата во Битола.

За Зоран е познато дека важи за човек без влакна на јазикот кој отворено зборува и информира за најразлични теми.

Настанот го потврдија и од МВР каде што утрово излегоа со првични детали.

– На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола нејзиниот сопруг З.Б.(56) од Куманово бил физички на паднат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти кратко МВР.

Зоран како што е познато е доста активен на фејсбук каде вчера објави пост во кој што вели:

Се извинувам на оние кои читаат што објавувам. Најавив, ама физички не можам да стигнам од Скопје до Битола, до почеток на трибината на Кјурка и Колбасо во Центарот за култура…

Останав да почекам докази за еден предмет, а човекот кој го чекам да ги донесе, бидејки е виновен, вети дека на следната трибина на СДС каде и да се случи, ќе ме однесе на негов трошок.

Прашањата до Кјурка и Колбасо ќе им ги поставам тогаш, и ке им го оставам на говорница она што го имам.