Откако Кајмакоски ја покажа новата женска, се огласи бившата Кристина и му упати порака

Како што е познато брачната заедница на позантиот македонски пар Даниел Кајмакоски и Кристина Димитриевска не траеше долго.

Кајмакоски и стана познат на македонската јавност со победата на музичкото натпреварување х фактор Адрија, а потоа како претставник на Македонија на Евровизија во 2015та година.

Но, Кајмакоски како што се појави одеднаш, се чини дека така и го снема од македонската јавност, па иако многумина мислеа дека ќе има светла музичка иднина во Македонија, тој се повлече од сцената.

Беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

Ниту на приватен план не му беше ништо подобро. Се ожени со Кристина Димитриевска, добија син, но по три години заеднички живот се разделија. По ова Кајмакоски реши да се пресели во соседна Србија каде што живее во Белград.

За време на летните месеци Кајмакоски конечно во јавност, поточно на социјалните мрежи ја покажа својата нова љубов,а сега за првпат на оваа тема се огласи и поранешната негова сопруга.

Растена сум и воспитувана да ги препознавам, ценам и практикувам вистинските вредности во животот. На секој човек му посакувам се најдобро, па така и на мојот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски – за „Фокус“ вели моделот, а од неодамна и пејачка Кристина Димитри, откако нејзиниот поранешен сопруг за прв пат по разводот кој се случи пред три години, објави фотографии со новата партнерка.