Се упокои чичко Спасе – човек со големо срце кој ќе остане запаметен

Хуманитарната организација „Свети Спас“ со годините наназад се етаблираше во една од најпрепознатливитие организации со хуман карактер.

Отец Оливер Петровски кој е еден вид на заштитет знак на организацијата вечерва сподели вест за загуба која ќе допре до многумина:

Со голема та га во срцето ве известуваме дека нашиот готвач чичко Спасе се пресели во Царството на нашиот Господ Исус Христос.

Денес изгубивме голем човекољубец, човек со големо срце кој беше секогаш подготвен да помогне на секого. Чичко Спасе ќе остане запаметен во нашата хуманитарна организација како еден од најголемите поддржувачи.

Вечен нека ти е споменот брате и Бог нека ти дарува простување на гре вовите и Царство небесно