Снежана и Љубо од паланечко гладуваат, куќата им се распаѓа, а здравјето ги напуштило одамна

Снежана Јанковска од дете е инва лид и живее тешко. Заедно со својот брат Љубо кој исто така е инва лид во лоши услови живеат во паланечкото село Б’с

Поради инва лидитетот никогаш не основале сопствени семејства, а куќата во која што живеат е пред распаѓање, не моќни ниту да заковаат шајка во куќата.

Често јадат сув леб, некогаш ниту тоа, а понекогаш гладни и со недели. За да одат до градот да испазарат нешто мораат да одат пеш.

А за до таму им треба повеќе од три часа, во селото има едвај шест куќи. Од скромните 5.000 денари морат да одвојат барем 3.000 за да отидат во цивилизација и да купат нешто.

И да им се случи недај Боже нешто нема кој да ги види, кај нив ретко доаѓа човек, а желба на ова семејство е да ја средат куќарката, бидејќи во секој момент може да им падне врз глава.

– Тешко живееме, се капеме внатре во собата и вода загреваме на ќумбето. Јас сум болен човек, од тие 5.000 денари што ги земаме 2.000 одат на таблети, вели Љубо.

– Куќата ми пропаѓа од ден на ден, протекува вода, кога заврне снег уште полоша е ситуацијата, никој не ми помага, вели со солзи во очите Снежана.

– Земам на вересија, па враќам после, но некогаш и гладувам. Немам каде да одам, и двајцата со брат ми не сме добри со здравјето, додава Снежана пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Спиеме со стра в, кога ќе дојдат дождовни денови, станувам во ноќта и ги менувам кофите со вода, едната страна од ѕидот почна да се паѓа.

– Подот пропаѓа, тешко е прооден патот, овде кога ќе заврне снег држи долго, не може никој да не пронајден доколку куќата се сру ши.

– Брзата помош не може да дојде до тука, летото ќе дојдат до некаде, а зимото воопшто не може да се пристапи, ми велат ,, земи го на раце братот” а јас самата не можам.

Ова семејство годишно само два пати оди во градот, и се чуди со тие 5.000 денари што попрво да направи, дали да гледат за здравјето, дали за куќата или пак да се прехранат ?

– Никогаш не сум имала машина за перење алишта, често немам ниту зејтин, јадењето е голем предизвик исто така, не знам до кога вака ќе тераме.

– Седнеме да јадеме со брат ми а врз нас тече вода, легнеме да спиеме повторно капките не будат од сон, вели со тешко срце оваа жена.

– Апелираме да ни се помогне, ова веќе не се издржува, барем се среди куќата или пак некое собче да имама но да знаеме дека спиеме на сигурно, вели Снежана.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство на било каков начин, да има достоинствен живот тоа може да го направите на телефонскиот број 075 304 405 или на трансакциската сметка 320500010238137 Снежана Јанковска