(ФОТО) Службите се мобилизираат и се на готовност по најавите за она што следи ноќва во Македонија

Утре во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во вторник ќе се задржи стабилно време со негативни утрински температури. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и во четврток, велат од УХМР.

Директорот на „Македонија пат“, Костадин Ацевски на својот фејсбук профил вечерва сподели:

Екипите на Јавното Претпријатие за Одржување и Заштита на Магистралните и Регионалните патишта Скопје, будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои.

Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег.

Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.