(ФОТО) Христијан Мицкоски се огласи по поразото од Бугарија и упати моќна порака

Македонската фудбалската репрезентација со пораз го заврши овогодинешното издание од Лигата на нациите.

Бугарија со полн плен си оди од Скопје (0-1) и така слави второ место во групата, со кое се пласира во четвртиот шешир за ждрепката од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година според ранкингот во ЛН, а Македонија ќе чека на другите групи за да има информација дали ќе ја влечат од четврти или петти шешир.

Бугарите дојдоа во Скопје со не поволна гостинска серија. Четири години, од 2018 година, немаа победа. Последен пат триумфираа над Словенија, а оттогаш нанижаа десет нерешени и дванаесет порази.

Сепак, Македонија беше националниот тим против кој се стави крај на таа непопуларна низа и така се оствари целта, да се дојде до напредок на ранг-листата и да почнат под водство на Крстајиќ да се добиваат репрезентации кои се подобри на ФИФА-листата.

„Рисовите“ двапати го победија Гибралтар во оваа Лига на нации, ремизираа и загубија од Бугарија, а двапати потклекнаа пред Грузија.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по поразот на Македонија од Бугарија се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Срце кое чука и во порази, и во победи, со љубов и сила за Македонија. Гордо момци и главите горе, заедно до следниот натпревар и победа за нашата Македонија!