Александар Јосифовски ја напушта Македонија: Се враќам во земјата во која сум роден и каде што живеев

Учеството во „Ѕвезда Гранда“ го промени животот на Александар Јосифовски, а од рокер кој пееше исклучиво во локалните клубови во Македонија, стана еден од најбараните изведувачи и надвор од границите на нашите простори.

По успешната американска турнеја на која минатата година беше со најголемата музичка ѕвезда Лепа Брена, дојде време популарниот рокер повторно да го напушти родниот Охрид и да се врати во земјата во која е роден.

Како што дознава Гранд, Александар Јосифовски наскоро ќе отпатува за Австралија, каде што се очекува да има турнеја ни помалку ни повеќе, туку со познатата група „Бијело дугме“.

Уредничкиот тим на Гранд му се јави на Јосифовски, кој ја потврди оваа вест.

– Така е, на почетокот на следната година ги пакувам куферите и се враќам во земјата во која сум роден и каде што живеев. Чекам турнеја со Горан Бреговиќ и познатиот бенд кој ќе прослави 50 години постоење токму во Австралија – вели Александар речиси под здив и додава дека му е чест што на 26 и 27 јануари ќе ја има честа да одржи концерт со „Бијело дугме“.

– Прекрасно е чувството да настапуваш со музичари кои ти биле идоли во детството и чии песни си пораснал слушајќи, а со истиот ентузијазам ги слушаш и денес. Тоа не се опишува со зборови – рече Јосифовски.