Ангела: Во Италија се водам дека сум од Македонија а дома не ме признаваат

Младата Ангела Станковска на својот фејсбук профил сподели статус во кој што вели:

Во Италија се водам дека сум од Македонија а дома не ме признаваат. Па вие сте циркуз.

Ако изрегулиравте се’ со “неважечките” документи и сте подготвени да казнувате свои граѓани бидејќи немале Северна на важечки лични документи, како предлог можете да почнете и со тужби кон престижните универзитети (да не случајно се навредите за името) кои без двоумење мене и верувам други студенти не’ водат во систем дека сме од Македонија и не потфрлија да не’ потсетат КОИ СМЕ и ОД КАДЕ ДОАЃАМЕ.

Повторно да се чудите зошто си одиме!