Антониа Гиговска: Како се ближи крајот така стравот е поголем

Во изминатите неколку години пејачката Антониа Гиговска доживеа голем подем, но мораше привремено да ја прекине кариерата.

Имено таа реши да стапи во брачните води, а наскоро и ќе стане мајка со оглед што со нејзиниот колега и сопруг Џокер очекуваат принова.

Гиговска се огласи на нејзиниот инстаграм профил каде што напиша:

Знам дека не сум активна,и можеби и ми замеруватее но конечно се чувствувам спокојно.

Ми требаше одмор и одморив убаво, е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана, се спремам за нив.

Да бидам искрена како се ближи крајот така стравот е поголем, амаааа ние жените сме јаки, издржуваме се!