Антониа Гиговска откри кој наш познат доктор се грижи за нејзе во бременоста и бебето кое што го чека

Познатата наша пејачка Антониа Гиговска која ги доживеа најголемите успеси во својата музичка кариера периодов, реши привремено да ја прекине кариерата, од и тоа како убави причини.

Имено пејачката на својот инстаграм профил неодамна објави среќна информација со низа фотки во која се вели:

Долго време молчеевмее а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен ден, ааа и погодете која ќе стане мајка п.с Прстенот го бирал сам, уми рам од среќа… си славам роденден,бебче,прстен, сеееее. Што мислите, машко или женско, пишете во коментар (ние знаеме)

Среќникот кој доби сопруга а очекуваат и дете е музичарот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски , попознат како Џокер.

Пред извесен период Гиговска сподели преку социјалните мрежи дека се повлекува од настапите.

Драги мои сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа.

Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа пак ќе се затворам во студио и ќе работам на мои нови песни.

Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Којзнае колку ќе ми недостигате.

Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните два настапи. Ве чекам и ве сакам.

Денес пак таа објави фотографија направена од ехо и притоа напиша: За мене и бебушто ќе се погрижат најдобрите и притоа го тагираше познатиот доктор Ненад Лазаров и приватната клиника во која работи.