Апасиев: Дај Боже уште долго вака да се “распаѓаме”

Изминатите денови во јавноста и медиумите доста се пишува и зборува за превирањата во политичката партија Левица.

На оваа тема денес се огласи лидерот на партијата, Димитар Апасиев кој на својот фејсбук профил напиша:

Левица “се распаѓа” пред секои избори!? И, за беља, на секои следни избори има се’ повеќе гласови!? Единствена партија која РАСТЕ во апсолутен број на гласови (сите други опаѓаат).

Чудно некое “распаѓање” ова, со растење. Дај Боже уште долго вака да се “распаѓаме”. Се гледаме на дупли ИЗБОРИ. Да ве дораспаднеме, о вие дувла на клиентелизмот СДС-ДПМНЕ!