Атиџе во лоша здравствена состојба – итно хоспитализирана во болница

Сузана Турунџиева вечерва се огласи на фејсбук и сподели загрижувачки вести за Атиџе:

Понекогаш соседот ни е повеќе од роднина!Бескрајно БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, првата сосетка на Атиџе која видно загрижена синоќа ми се јави и ми кажа дека Атиџе е во лоша здравствена состојба.

Веднаш ја контактирав матичната докторка на Атиџе – др.Сузана Јовановска Илиева, која реагираше во истиот момент, ме смири, ми помогна и ме упати на дежурните во брзата помош на Св.Николе, каде се уверив во нивната огромна експедитивност и професионализам.

Благодарение на нив, Атиџе вчеравечер беше пренесена во болницата во Велес.

Огромна среќа е што и таму, во Интерното одделение, дежурните лекари и дале веднаш терапија и ги направиле сите неопходни анализи.

Денеска Атиџе е во многу подобра состојба, а на моја замолница беше и посетена од др.Лилија Чолакова Дервишова.

Бескрајно БЛАГОДАРАМ добри луѓе, а најмногу од се БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, која за Атиџе се грижи како за нејзина ќерка.