Баба Ангелина од тетовско: Нозите ми замрзнаа, се тресам целата, немам што да јадам

Баба Ангелина Димовска од тетовско Јегуновце е жена во години, живее доста тешко во голема сиромаштија, во голема неизвесност и со солзи во очите.

Таа раѓа две ќерки, од кои за жал губи една, останува и без сопругот со кого имала тежок живот. Од се што имала во животот и останало едно собче.

Од државата оваа старица зема минимална помош, кој за жал не стигнуваат ниту за најосновното, често е гладна а најчесто јаде леб и сол.

Дрва нема, стара и изнемоштена не може ниту да донесе дрва, а и тоа што ќе го присобере од некаде не може да створи топлина.

Во моментот кога си ја кажуваше судбината пред камерите на ,,Срце на дланка” таа буквално се тре сеше од студ, видно возне мирена.

– Движењето ми е ограничено, одам со стап, бидејќи пет години бев шло гирана. Живеам сама во многу тешки услови, вели баба Ангелина пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Не слушам добро, а не знам ни колку години имам, немам што да јадам, но кога имам тоа е леб и сол, вели со тешко срце оваа старица.

– И раците веќе не ме служат, навистина е тешко, немам никаква помош ниту од соседите, правам буквално сама се, вели баба Ангелина.

– Ако ми дадат некој дрва ќе се грејам тој ден, ако не ќе мрзнам како и повеќето од зимските денови што ги поминувам.

– Како девојче сум дојдена од Скопје, со сопругот и немавме некоја голема разбирачка, тој многу пиеше и ме малтре тираше.

– Скоро целиот живот го минувам во сиромаштија и децата ми трпеа за леб, живеам во голема неизвесност во оваа просторија.

Нејзината единствена соба е се што има таа, нема ниту бања ниту тоалет а тоа уште повеќе и го отежнува и онака тешкиот живот.

Седи и доцна во ноќта бидејќи од солзи не може да заспие и често мора да пие таблети за да може да заспие колку толку.

– Нозите ми замрзнаа, се тресам целата, нема дрва, немам често ниту што да јадам. Воопшто не ми е добро, не знам до кога вака.

Доколку сакате да и помогнете на оваа осамена жена достоинствено да го доживее животот тоа може да го сторите на телефонскиот број 078871067 или на трансакциската сметка 320-5000299880-16 Ангелина Димовска.