Баба Драгица од Виница има 14 активни лекарски дијагнози: Како што сум мачена, за лебче е доволно, ми треба само кров над главата

Дека животот е суров и може да ги затвори сите врати сведочи приказната на Драгица Крстовска. Преживеала мозочен удар, има 14 активни лекарски дијагнози и живее под кирија. Ова е Драгица Крстовска, 63 годишна пензионерка од Виница која за својот живот вели дека неможе да каже ништо добро.

Драгица вели дека лошо и тргнало уште на почетокот кога го сретнала својот прв сопруг. Ја малтретирал и психички и физилки и по пет пеколни години се развела.

По ова, таа одлучила животот да го продолжи со својот син и надевајќи се на нова среќа. Едвај жива главаа изнела и од таму па се вратила пак тука.

Но, синот почнал да расне, а таа сакала тој да се школува. Со бракот во Струмица, тоа не можело да се случи.

– Искрена да бидам до крај, ние по корен, по наследство имаме дарба за образование. Јас не сакав да оди на факултете зашто немаше средтва. Земав 3.000 социјална помош, под кирија живеев, ова ми е трето место, вели Драгица.

И синот заврши машинки факултет, магистрирал , а сега и ќе докторира и живее во Кочани, но Драгица и понатаму е во туѓи 4 ѕида и во нечовчки услови.

– Како што сум мачена, за лебче е доволно. Единствено ме мачи кровот зашто ме изиграа со социјалната зграда. Нема купатило, разрушено е.
Сега, секој ден Крстова е во исчекување да и се случи нешто добро иако за својот живот на Господа, сепак е благодарна.

Дали ќе се случи чудо и на овие години Крстова сонце да ја огрее е неизвесно, но надежта кај неа умира. Таа , ќе чека. Целиот Тв прилог може да го погледнете на Телевизија Стар.