Бате Аце од Штип секогаш таму каде што е најпотребен – малата Марија конечно ќе има детство какво што посакува

Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија од с.Ораовица, радовишко, емитувана во Срце на дланка, а пренесена на нашиот сајт допре до многумина.

Еден од оние што презема први активности е бате Аце од Штип, препознатливиот хуманитарец кој многупати досега има помогнато таму каде што е најпотребно.

Па така, и овојпат, Александар Горгиевски, кој инаку е професионален пожарникар, ја посети фамилијата и веќе започна со помош.

Како што најавив вчера денес сум во посета во село Ораовица кај малата Марија и нејзината мајка Сузана. Направив увид и донесов одлука.

На оваа фамилија дефинитивно ќе и се гради ново ВЦ комплет со се опремено внатре бидејќи тоа по мене моментално е и најголем проблем на оваа фамилија.

За месец дена се надевам тоа што сум ветил со дела ќе го реализирам како и секогаш со помош на сите вас хумани граѓани идеме во акција!
Доколку некој сака да помогни лично на оваа фамилија бројот на мајката Сузана е 070 286 913

Доколку некој сака да им донира на нивна лична сметка Суза Тачева (комерцијална банка) 300087113680108.

За само еден ден ангажман еве драги сограѓани Македонци што успеавме да обезбедиме за малата Марија која дефинитивно во иднина ќе живее достоинствен живот каков што заслужува секое дете

Бољер обезбедено,Туш батерија обезбедено,Плочки обезбедено,Пвц врата за вц обезбедена, Шоља и Казанче обезбедено,Телевизор обезбедено,Правосмукалка обезбедено,Лепак за плочки обезбедено, Гардероба и храна обезбедено

До вечер најавено е дека ќе стаса и нова трпезариска маса со столови, Тостер и Микробранова печка и многу други работи

Наредниве два до три дена ќе се ангажирам да обезбедам и платам мајстор за одвод довод водоводџија електричар плочкар и наредната недела од ко ќе се постави новата ПВЦ врата стартуваме да реализираме уште еден хуманитарен проект !Хумани луѓе дефинитивно има горд сум на сите вас респект, напиша Александар на Фејсбук.