Бидете подготвени: Големо невреме пристига во Македонија

Изминатите денови сме сведоци дека во соседна Србија, како и Хрватска, Словенија имаше големо невреме.

Од друга страна Македонија беше зафатена од пеколни горештини, но сега работите ќе се сменат.

Имено од ЦУК сега се огласија и известувсст:

Oд УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ известуваат дека поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.