Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино, па заврши во полиција

Несекојдневен настан се случило синоќа по полноќ за кој информираше МВР, а за истиот настан се вели:

-На 19.03.2024 во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола.

Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.