Блажо од кочанско низ солзи бара социјалното да му ја врати ќерката која му се јавиле и му рекла: Тато спаси ме јас ќе умрам

Донев Блажо од село Соколарци, кочанско веќе дваесетина дена живее без неговото дете. Како што вели тој пред камерите на М-Нет телевизија детето имало здравствени проблеми, но наместо на доктор завршило во згрижувачки центар.

Сега тој живее во семејната куќа во Соколарци со неговата сопруга и двајца синови, а неговата ќерка во згрижувачки дом.

„Матичната докторка пријавила дека има сомнение кај детето по самиот разговор, детето зборувало глупости. Прашав ги дома братчињата дали се е случило нешто велат не. Детето велат не е добро носи го на доктор. Го однесев детето на доктор во Чешиново и докторката пријавила во Центарот за социјални работи“ – вели Донев.

Донев тврди дека детето во згрижувачкиот дом е во лоша состојба и сака по секоја цена да го врати назад. Бара институциите да дозволат неговата 11 годишна ќерка да се врати назад кај биолошкото семејство.

“Со детето се случува многу лоша слика, детето се јавува траже од нас родителите спас. „Тато спаси ме јас ќе умрам“ и плаче. Пушта ни слика детето, ситуацијата му е загрозена јас треба да го носам на доктор, а не треба да биде згрижено некаде“ – додава Донев.

Предметот се разгледува во ОЈО Кочани од кадешто треба да се произнесат по сите докази и постапки.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет тв.