Бојан од кочанско: Болен сум, но со години не сум отишол на доктор зашто немам пари

Бојан Георгијев е 53 годишен осамен човек кој потекнува од село Полаки, но на пет годишна возраст за поубав живот со родителите се преселува во кочанското село Бели во стара куќа која откако е купена во неа ништо не е поправено. Училиштето многу не му одело, па останува само со основно образование и скратена можност да работи некоја поубава работа освен тешка физичка и аргатска. Работи колку да преживее. Таткото го губи млад на само 54 години, браќата и сестрите си апочнуваат свој живот, а тој еден ден кога мајката ќе легне болна во постела морал да напушти работа за да може да ја чува и пази.

Последните 1 години освен што е сам, се разболува и нервно, па станува социјален случај кој живее само со 5000 денари месечно. Поради слабата финансиска состојба и старата куќа никогаш нема да успее да се ожени. Куќата е во субстандардна состојба. Се во неа се клати и е нестабилно. Сам не може да ја поправи. Зашто со минималните средства вели не може да си купи ниту лекови. Може да си дозволи само неколку денови во месецот да купи леб и основни продукти, а останатите денови е принуден да гладува.

Бојан иако е релативно млад човек сепак тежината на бремето остава лузни и врз неговото лице и снага, и врз неговиот живот. Сиромашно започнува да се осозонава уште од мал, а се потешко живее и кога од Полаки ќе се пресели со семејството во село Бели за да може да учи училиште. Млад го губи татка си, браќата и сестрите фаќаат свој пат и семејства, а тој останува сам со мајка си која ја гледа долго време додека таа била во тешка состојба, болна во постела. Поради грижата кон мајката не успел како млад да се ожени, а денес вели тој поради неговата сиромашна состојба и стара куќа никоја и не сака да се осмели да дојде и да го дели животот со него .

-Од Полаки со семејствотор се преселивме во село Бели за да учам училиште. Сестрите се омажија, јас не успеав зашто ги чував родителите. Татко ми почина, па мајка ми се разболе и неподвижна зависеше од мене. Морав да излезам од работа за да ја гледам. Отсекогаш сум живеел тешко-вели Бојан.

Бојан со години живее со минимални 5000 денари социјална помош. Последните години е многу болен но, не може да замине на лекар и да си купи терапија зашто нема ниту за леб. А, од истата причина неможе ниту да викне мајстори за да ја поправи куќата која тече и се распаѓа. Помош нема од никој па, ја изгубил и надежта дека хуман народ постои. Ако засади зеленчук може и ќе има да го помине месецот, а често јаде и само сув леб.

Барем да имам Тв, перална и фрижидер, нема да ми биде лесно, но барем ќе ми се олеснат некои дневни работи како перење и чување на храната. Една манџа ја јадам по 3-4 дена зашто немам можност секој ден да готвам-ќе рече тој. Иако, сум изгубил секаква надеж би бил пресреќен ако некој ми помогне барем да ми се помогне со една соба и купатило за полесно да живеам-ќе заврши Бојан.

-Откако не работам живеам со социјална помош од 5000 денари. Се е скапо и ако верувате не можам да отидоам ниту до лекар. Еве имам проблеми со очите, имам масно ткиво треба да го оперирам, амa со што да отидам. Немам ниту за автобус, па до градот се симнувам пеш. Правам манџа и ја јадам 3-4 дена. Понекогаш немам ниту за тоа, па јадам сув леб. Немам ниту купатило, ниту телевир, немам перална и фрижидер. Едвај некое дрво ако соберам па да не смрзнам во зима. Инаку немам спас. Дури и душевно се разболев од ваквиот тежок живот. Ете гледате колку е стара куќата и ако не се потстегне ќе падне. Ама кој да ми помогне. И, како да се оженам во вакви услови. Која би дошла тука да живее- прашува Бојан за Срце на Дланка.

Има еден знак дека сме станале зрели, а тоа е дека не очекуваме повеќе помош за да бидеме спасени. Зашто понекогаш во тагата знаеме да се пронајдеме, исто како што некогаш во зајдисонцето има многу повеќе почеток отколку во изгрејсонцето. И, да не ги споредуваме нашите несреќни денови со среќните на другите луѓе. Не значи дека ако на нешето небо денес има облаци, а на нечие друго сонце, утре нема да биде обратно, па и ние да дознаеме што е среќа.

Доколку сакате да му помогнете на овој човек тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 071743033 или на неговата жиро сметка 200001078643969