Бугарски кошаркар бил уапсен со навивачите на Левски – тврид дека македонската полиција го тепала во притвор, проговори низ што поминал

Како што е познато 19 симпатизери на Левски беа приведени во Скопје на дуелот против Шкупи. Еден од уапсените бил и високиот 213 сантиметри – Николај Вангелов. Софичанецот е голем фан на Левски, а инаку кошаркар е, па дури има и настапи за слекцијата.

Вангелов го коментираше тоа што се случи, жалејќи се на односот на локалните власти кон поддржувачите на Левски. Џинот рекол дека тој изел најмногу ќотек од полицајците, бидејќи бил најголем од сите приведени.

Вангелов во последните години игра во третата лига во Франција, помина низ неколку италијански екипи меѓу кои Наполи и Рома. Беше и член и на Балкан Ботевград.

Како што тврди поранешен кошаркар го напушти Скопје со модринки на главата.

„Ги плативме патарините. Кордонот сопираше на 20 минути, нормално излегувавме да видиме што се случува. Дури 24 часа бев без вода и храна Прво рекоа дека сме уништиле некој локал. Но такво нешто немаше.Потоа испадна дека не сме слушале наредбипос .19 од нас беа уапсени. На 10 луѓе побараа казна од 300 евра,само кеш.

Благодарам на Навивачите за поддршката. Големиот сектор „Б“. Полицијата беше крајно агресивна. Јас бев најпогоден, можеби затоа што сум најголем. Ме тепаа по очи. Ми ставаа лисици, палки, ме клоцаа…“, изјави за БТВ 213-сантиметарскиот Вангелов за БТВ

Ништо не сме направиле, само многу сме омразени кај Македонците, овде никој нема да ви помогне, напротив“, рече Вангелов.