Бугарско – македонските односи се отсликаа и на спортот: Наместо пријателска, добивме тешки зборови

Односите помеѓу Македонија и Бугарија си го направија своето и се отсликаа на низа полиња, а едно од нив е и спортот.

Имено утре во Благоевград требаше да се одигра птијателски меч помеѓу Пири и македонскиот прволигаш Скопје, но до истиот нема да дојде.

Пред еден час се огласија од редовите на бугарскиот клуб дека мечот е откажан, без да се наведа причини.

Но истите се повеќе од јасни со оглед на соопштението кое до јавноста во текот на денот го лифиеруваа навивачите, Пирин ултрас:

„За нас е недозволиво да играме пријателски натпревар со ФК Скопје поради последните случувања во РСМ. Ширењето на ом раза кон Бугарија, бугарштината и бугарскиот народ треба да има свои последици.

Нашите браќа на Западот од нас треба да разберат дека Бугарија и Бугарите не се нивни непријатели. Како и да е, однесувањето на одредени граѓани мора да биде санкционирано.

Затоа, ние фановите на Пирин застануваме зад Бугарите во РСМ во знак на солидарност и поради ре пресијата на кои се подложни, бараме откажување на контролниот меч.

Вето, санкции и целосно игнорирање, додека не се научат да не почитуваат“, велат од навивачката група.