Васил Гарванлиев со иста мака како низа познати македонски доктори: Се огласи од далечната Америка

Васил Гарванлиев како преставник на Евровизија ја бра нуваше јавноста со спотот за песната која не преставуваше поради кадри со инсталација која наликуваше на бугарско знаме.

Уште повеќе, јавноста реагираше по негово интервју во кое кажа дека има бугарски пасош, но набрзо се извини пред јавноста и објасни дека пасошот го имал поради семејни безбедн осни причини.

Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години. Пееше и како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.

Пред извесно време реши да се исели од Македонија и продолжи да живее во Америка каде се омажи со својот партнер.

Ликот на поп пејачот и наш поранешен евровизиски претставник Васил Гарванлиев, деновиве е актуелен на онлајн реклама за македонско казино. Станува збор за спонзорирана објава, со која се повикуваат заинтересираните да уплатат 60 денари, за да добијат 18.000 денари.

Сепак, како што појаснува Гарванлиев за ,,Фокус”, тој ниту рекламира казина и игри на среќа, ниту пак имал било каков договор со било која фирма која промовира коц кање.

-За жал, ова не е од сега. Првин почна со игри во евра, сега игри во денари… Фотографијата од мене, која ја ставиле на рекламата, всушност е украдена од спотот за песната ,,Here I stand”.

И за рекламата мислам дека е лажна, дека се работи за скам, за да може да се украдат пари- вели Васил за Фокус.мк, кој веќе подолг период се наоѓа во Чикаго, Америка.

Токму поради тоа што не е во земјава, вели дека не може ништо да направи по повод злоупотребата на неговиот лик.

-Јас од овде не можам ништо. Мислам дека е направена ГПС локација само за во Македонија. Верувам, има институции кои се надлежни за вакви случаи – вели музичарот.