Васко – Тошо Малерот откри колку пари наплаќале за една реклама во К-15 – Сума од која ќе ви се сврти во глава

К-15 е популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.

К-15 е основано и оригинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи исто така беа дел од сценаристите и режисерите.

Но веќе со години наназад, поточно една деценија не се продуцираат нови епизоди, но и покрај тоа се уште се актуелни и гледани старите и легендарни.

Васко Тодоров или попознат како Тошо Малерот синоќа беше гости во шоуто на јутјуберот Лазаров каде што говореше на различни теми.

„Моментално работам, снимам реклами и спотови, а ќе глумам и во еден филм кој наскоро започнува да се сним“, започна Васко и додаде:

„Тоа многу пари сме праеле е релативна работа. Сега ќе ти кажам, реклама во К-15 беше 25.000 евра. Ама кога ќе направи 25 милиони евра после, колку кошта рекаламата. Еве и 2.5 милиони евра нека направи, преку ноќ 200 посто му е дига продажбата.

И кога ќе видиш на крај колку пари направил тој, ќе видиш дека рекламата е без пари. Од рекламите во к-15 имаше ногу голем ефект за клиентите. Луѓето сите леле многу скапа рекламата, а кога го прашаш колку пари имаше направено од рекламата, сите ќутат.

Ние и бевме ефтини, а нашите агенции во тоа време што снимаа спотови, реклами по 50.000, 60.000 евра наплаќаа. За едно видео од 30 секунди. Ние бевме убедливо најефтино спрема ефектот што го даваа нашите реклами.

Сега се е сменето, целио пазар се смени. Секунда на телевизија од прајм тајм тогаш беше 30 евра, а сега е 1.5 евро секунда. Па во наша време на радио беше 5 евра секунда.

Ние сме имале 30 вработени како К-15, но во главно беа фриленсери, не стално вработени. Имавме секретарка, монтажер и уште неколку луѓе стално вработени.