Велешанец доби 2 години затворска казна поради кражба на храна и 1 година заради украдена клима

Триесет и две годишниот Мејсур Зекиров, крадецот кој лани украде храна од кујната на Детските градинки во Велес е осуден на две години затвор, по признание на вина.

Кражбата се случи лани во периодот недела 12 март на пладне до понеделник наутро , кога од кујната на градинката, лоциран кај Стар мост, одзел храна во вредност од 53 илјади денари.

Во Основен суд Велес му се судеше за кривичното дело „тешка кражба“ а делото кое го сторил го признал.

Тој меѓу другото украл зејтин, грав, замрзнати пилиња, сирење, кашкавал, шеќер, сол, брашно, како и транспортна количка за храна. со која украдената стока ја пренесувал.

Истото лице, Мејсур Зекиров, со друга пресуда доби една година затвор, затоа што од амбулантата Панче Васков на ЈЗУ Здравствен дом, украл клима уред.

Тој го признал делото „тешка кражба“ кое го сторил во периодот помеѓу 9 јуни попладне до 13 јуни наутро, во време на продолжениот викенд Дуовден. Пресудите се правосилни, пренесува локалниот велешки сајт „Тирековмирече“.