Верица од Крушево: Од тага по децата срцето ќе ми пукне, сакам да направам некоја собичка и сите четири повторно да бидат со мене

Верица Лазова е 35 годишна жена која уште од бебе имала тежок живот и трауми. Била оставена сама на железничката станица- вели таа, а потоа спасена од нејзините баба и чичко. И во младоста имала тежок живот се до разделувањето на нејзините родители, а подоцна вели таа уште потешко живеела откако дошла маќеата, поради што морала на 15 години да се мажи, еднаш, двапати, дури ималижо и третпат, кога конечно заминува во Крушево и раѓа четири деца.

За жал додава таа, алкохолизмот и долгогодишното лечење на сопругт во Демир Хисар ќе влијаат на нејзиниот брак од кој пред неколку години спасува жива глава. Закрила побарала од нејзините родители, но, одбиена како и секогаш, останата на улица, поддршка и дава еден дедо од село Уланци Градско, чија куќа иако, стара и руинирана сепак, ја спасуваат Верица да не спие под отворено небо.

За жал, старателството го добил сопругот, а доколку би имала макар две соби и работа вели таа, ќе направи се за да си ги земе своите чеда. За да биде несреќата уште поголема, Верица е и болна и на последното работно место после повекратните онесвестувања морала да даде отказ. Секоја донација која ќе ја добие веднаш ја испраќа на децата за кои вели ќе се бори додека е жива и нема да се откаже од нив никогаш.

Верица имала бурен почеток на животот. Од бебе несовесно била оставена на железничката станица, за подоцна да биде спасена од баба и и чичко и..Била жртва на семејно насилство во домот на родителите, а подоцна принудена да се омажи многу млада поради несогласувањата со маќеата.

Кратко останала во првиот брак, уште пократко во вториот, но, очигледно најнесреќна ќе биде во третиот и последен брак во Крушево каде ќе роди и четири деца вели таа. Повторно преку семејното насилство и се оживуваат траумите од детството и еден ден кога сопругот бил во алкохолизирана состојба, одлучува да замине назад кај родителите оставајќи се што градела со години.

Но, повторно и таму не наидува на подршка. Рака и подава еден дедо кој иако стара и отстапува куќа колку да не биде на улица. Тешкиот живот за жал денес ќе и донесе и многу болести, па таа сега не може да работи тешка физичка работа, а дополнителен проблем и направила и сообраќајката со мотор кој го возела, носејќи им храна на децата.

-Кога бев бебе животот ми започна оставена сама на железничката станица во градот. Мајка ми без око да и трепне го направила тоа и кога пораснав знаев дека животот нема да ми бид лесен. Тоа и ми се потврди. Останував и без леб. Подоцна моите се разведоа и мислев ќе биде полесно. Татко ми донесе нова жена која ме принуди да се мажам малолетна. Имав четири неуспешни брака.

Од четвртиот брак родив четири деца, но, бев жртва на семејно насилство и маж ми со години се лечи во Демир Хисар. Еден ден додека беше пијан, искористив прилика и избегав. Не ризикував да ги земам децата зашто се плашев да не забележи и да не претепа сите. Заминав кај татко ми кае не бев добро примена, па набрзо заминав во село Уланци кај еден дедо кој ми отстапи стара куќа, но, барем не бев на улица.

Само нема услови за да ги донесам децата. Од тежината на проблемите, се испоразболев и на работа пред некој месец се онесвестив. Слабокрвна сум и немам сила ни да стојам на нозе. Ама пак се трудам да засадам пиперче, патлиџанче за да имам што да јадам. Ама децата многу ми фалат, нема ден, ниту ноќ да не ги помислам. Кога ќе ми дадат донација веднаш им ја испраќам. Ги слушам еднаш месечно, или одам до Крушево да им однесам. Еднаш дури на моторче носејќи им храна паднав и се повредив. Само тие да не се гладни, јас јадам леб и маргарин- го раскажува својот живот оваа тажна жена.

Верица веќе со години е труди и бара спас за својот и животот на децата. Сака да добие простор каде со помош на хуманите граѓани би направила макар две соби за да може да си ги земе децата. Би ги земала и тука во Градско, но, од сите страни паѓаат бубачки и условите се многу лоши вели таа за да растат тука децата. Секој ден вели чувствува дека од тага срцето ќе и пукне, и затоа додека е жива ќе се надева и моли да создаде дом во кој ќе продолжи да живее со своите најмили.

-Социјалните служби ми велат дека нема никогаш да ги добијам децата доколку не обезбедам сигурен дом и работа за да ги издржувам. А, јас сеуште се водам на адресата во Крушево и не можам ниту да се пријавам за жител некаде. Секој ден сонувам како веќе сум ја направила куќата и како сум среќна заедно со децата. Ќе се борам за нив додека сум жива! –завршува таа за Срце на Дланка.

Доколку сакате да помогнете на Верица Лазова тоа може да го направите на нејзиниот телефонски број 077747282 и на нејзината трансакциска сметка 300007114243003.