Верка од кривопаланечко: Не сакам син ми да заврши во Демир Хисар, за тоа ве молам помогнете ми

Верка Ѓорѓиевска потекнува од Трново. Мажена е во Црцорија пред повеќе од 60 години. Денес оваа храбра мајка има 86 години. Родила две деца. Ќерка и син. За жал синот Благојче додека бил во војска поради игра на војниците со цел да се поиграат со Благојче, во 80-те години скокнал во река мислејќи дека ќе се пука врз него. Кога го нашле тој веќе бил премрзнат, но од стрес добил и пореметување на свеста. Денес, тој психички не е добар и е терет на чување на неговата стара мајка која го гледа и внимава на него. Живеат со нега и инвалидската пензија наследена од нејзиниот сопруг. Куќата е застаната со правење и реновирање уште од времето кога бил жив мажот на баба Верка.

Денес предметите и мебелот потсетуваат на некогашниот живот на ова семејство. Стара сум ќе рече баба Верка но сигурно Гспод ме држи за да му помогнам на Благојче. Тој сам не е способен да се грижи за себе. Час се смее, час плаче. Час зборува смирено, час почнува да вика. Некогаш одбива да ги пие лекарствата па состојбата му е уште полоша –ќе каже оваа напатена жена. Нема сила ни за себе, а не да чува болна личност. Но, на светот зарем од мајка похрабро нешто има?!.

Затоа таа се пријави да го стави срцето на дланка за да добие помош за лекови, храна и мало реновирање на куќата за таа да не падне врз нив, но и да ја продолжат мисијата на нивниот сопруг и татко која пред многу години застана зашто тој рано го напушти овој свет и ја остави баба верка сама да се мачи.

Баба Верка и на 86 години сеуште ја држи куќата на свои раменици. Мора ќе рече таа поради Благојче, син ми кој немаше убава судбина. Од 80-тите до 90-тите ги губи свекорот, свекрвата и сопругот, па сама ги одгледала синот и ќерката. Од Црцорија се преселиле во Крива Паланка, и имале солиден живот се додека Благојче поради траума од војска во која поради војничка игра премрзнал во река подоцна добива пореметување на свеста и психички проблеми. Оттогаш Верка се грижи за синот и живее тежок и монтон живот во куќата која веќе е во распаѓање исто како и нејзината сила.

-Пред многу години се омажив со сопругот и чувавме стока. Убаво беше, ама не траеше долго среќата. Прво почина свекорот, свекрвата, па откако Благојче се врати од војска набрзо во 1993 година умре и сопругот. Купи материјали за да ја доправиме куќава во градот, но ете ги уште стојат горе на таванот, скапуваат. Ќерка ми се омажи млада, има свое семејство, ама сега и таа е болна. А, син ми имаше несреќен случај во војска. Се зезале со него војничките другари и почнале да пукаат. Тој мислел дека некој пука во нив, скокнал во река и смрзнал таму. Кога го нашле од него со мраз ги ваделе панталоните. Оттогаш се жали и на нозете и со паметот не е добар-вели баба Верка
Денес, болни и беспомошни се и Верка и Благојче.

Благојче пие терапија, баба Верка треба да ги оперира очите, но финансиите се минимални и не стигнуваат. Имаме колку за лепче –ќе каже баба Верка. Не ми се живее повеќе ваков живот, во куќа која се распаѓа и со волку болести. Но, изгледа дека Бог ми дава живот за да не го оставам Благојче сам-низ солзи ќе рече оваа страдна жена. Неа единствена желба и е синот да не заврши во некоја институција во која нема да се грижат за него и барем додека се живи и заедно да може малку барем да и се помогне во поправка околу куќата.

-Многу тешко живееме-вели и Благојче. Тој час се смее, час тажи и не се чувствува добро и сигурно во куќата која останала недоправена поради несреќите во животот на ова семејство. Друштво им прави телевизорот. Баба Верка кога може готви за Благојче, но се плаши што ќе биде со него после нејзината смрт. Не сакам да заврши во Демир Хисар и да ми го малтретираат детето. Сакам да си остане во куќата. Тој не е лош, не е агресивен никого не навредил ниту повредил. Затоа сакам само да ми помогнат околу купатилото и кујната за да можам полесно да функционирам со синот-ќе заврши 86 годишната баба Вера за Срце на дланка.

Никогаш не смееме да се откажеме од тоа што го сакаме. И, тоа што би не направило среќен човек.Секој ден, чекор по чекор треба да одиме во правец на остварување на нашиот сон. И да ги сочуваме миговите за оние кои ни значат.