Весна Бејби заврши во болница: Виде резултати и си рече -Ова мора веднаш да се вади

Познатата наша актерка и водителка Весна Петрушевска Бејби на својот фејсбук профил сподели објава во која вели:

Секогаш сум мислела на другите и ова не е флоскула тие што ме познаваат знаат точно.

Тоа што ме поттикна да напишам еден сосема поинаков пост е причината да не ги потценувате Комплекс клиники „Мајка Тереза“ / Clinical Center ,,Mother Teresa” Дигестивна хирургија и да не се залетувате по приватните клиники.

Имав голем проблем доктор Огнен Костовски /кој патем не го познавав воопшто ,значи врски ич!Виде резултати си рече:

“Ова мора веднаш да се вади!”Брутално искрен и доследен. На одделот од прв до последен врвни професионалци.

Јас искрено се одморив, на раат малку од сите. Благодарам на моите матични Билјана Огнен и Виолета Дамевска Горгиева кои како сенка одеа по мене.
Фала Огнен те сакам мама Saska Petrusevska те сакам до небото и назад да си ми жива и здрава. Горда што те имам