(ВИДЕО) Вакво невреме овој македонски град не памети од поодамна: Пожарникарите и службите се кренаа на нозе и делуваат на на терен

Попладневно големо невреме зафати делови од Македонија, а најлошо помина еден град.

Имено пороен дожд и град проследени со силни грмотевици го зафатиja градот Штип. Околу половина час без струја се жителите на поголемите штипски населби Сењак, Осми Ноември.

По невремето поплавени се дворот на црквата „Свети Никола“, како и улицата и паркинг просторот пред еден од влезовите.

Материјална штета нема, а во моментов водата се повлекува во атмосферската канализација.

Поради надојдената вода од населбите кои се во високите зони улиците во централното градско подрачје се со наноси од песок и камења.

На терен веќе се службите и пожарната кои црпат и испунпуваат вода од најазафатените делови.