(ВИДЕО) Влатко Миладиноски: После 4 години се вративме на местото на „злoстopoт“

Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

– Не сум на социјалните мрежи активен, имам само ,, фан пејџ,, која ја води еден мој близок пријател, а инаку сакам директна комуникација и ми е и побезбедна, изјави во една прилика.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

Миладиноски ја користи фејсбук страницата само кога треба да сподели моменти од некој настап или пак закажани настапи, па така овојпат покажа како си поминал со Македонците во соседна Грција.

После 4 години се вративме на местото на “злoстopoт”!Го повторивме настапот во Негуш,помеѓу Воден и Солун!!Погледнете го целото видео на линкот на Јутјуб што е објавен во коментар