(ВИДЕО) Голем ден за најдобриот македонски тенисер – си ги одмери силите со Ѓоковиќ и си ги исполни големиот сон

Најдобриот акедонскиот тенисер Калин Ивановски го бележи најдобриот ранкигн АТП-листата.

А во меѓувреме додека се подготвува за новите предизвици во Белград забележан е момент за историја, затоа што тој имаше шанса да работи со тенискиот великан и еден од најдобрите, ако не и најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.

Младиот 19-годишниот тенисер во повеќе наврати посочи дека Новак Ѓоковиќ му е голем идол, а Србинот исто така го посочи него како голем талент и во интервју кажа дека би сакал да го запознае и да одигра натпревар.

На терените во Белград, Калин Ивановски си ја оствари желбата, го запозна големиот Новак Ѓоковиќ, а заедно имаа тренинг-натпревар и тој беше негов „спаринг-партнер“.