(ВИДЕО) Драма на Осоговските планини: Тигрите со хеликоптер спасуваа повреден планинар

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше за спасувачка акција денес која што ја спроведиле.

Денеска (07.10.2023) околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини.

Откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.