(ВИДЕО) Ежење – ваква никој од поодамна не ја испеал химната како македонските одбојкари по победат над Црна Гора

Македонските одбојкари ја забележаа и втората победа на својот втор меч на Европското првенство во Скопје, лесно и убедливо декласирајќи ја Црна Гора со максимални 3-0.

Растоварени без притисокот од оној прв меч против Данска, нашите репрезентативци одиграа одличен меч, максимално тактички подготвени од селекторот Миленкоски и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на изненадување во Скопје.

Двете победи на стартот (со 3-1 и 3 -9 во сетови) значат и речиси математички пласман во следната фаза од европскиот шампионат, прв ваков подвиг на Македонија на третото учество на одбојкарските ЕП.

Капитенот Никола Ѓоргиев одновно беше прва ударна игла во нашиот тим со 20 поени. Александар Љафтов со 14 поени беше втор најефикасен, додека одличен меч со 11 поени од кои 7 од блок имаше младиот Филип Савовски.

По мечот бевме сведок на невообичаен потег. Имено капитенот Ѓоргиев го зеде микрофонот од официјалниот спикер во салата и заедно со публиката ја испеа громогласно химната на Македонија.