(ВИДЕО) Инвалидот Владе од штипско не јадел две недели: Крадци му го одзеле телефонот и неможел да се јави на никого

Цели две недели 63 годишниот Маџовски Владе од селото Лакавица не јадел ништо. Владе е речиси неподвижен, со преживеани три мозочни удари и е во тешка здравствена состојба. На него крадци му го украле телефонот и тој неможел да се јави на најблиските за да му помогнат.

Сега Владе е во домот на неговата сестра Стојанка Фимкова која се грижи за Владе повторно да закрепне.

Иако сега Владе е во сигурни раце неговата иднина е прашална, бидејќи поради друг тежок здравствен случај во семејството на сестра му тој кај неа долго неможе да остане.

Од овие причини Стојанка бара помош од институциите за негово згрижување.

„Ако може да ме смести некој во пензионерски дом или да доаѓа некое лице кај мене дом“, скромно порача Владе пред камерите на Мнет.