(ВИДЕО) И Врчак се враќа на музичката сцена – но ги остави затечени сите со својот изглед

Раде Врчаковски-Врчак своевремено важеше за еден од најпознатите македонски пејач, кој пред неколку години се повлече и го нема во јавноста.

Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“.

Но тој денес по подолг период се огласи на својот фејсбук профил со објава и видео и најави дека се враќа:

lights, camera, action + perfection and magic = me. Припреми за промоција на нова песна во МК и најава на америчкиот албум и научните откритија кој ни се случија во државата (се детално ќе може да чуете и да видите вечер во следниот видео пост кај мене на фејсбук.

Но она што сите го коментираат и буквално останаа затечени е изгледот на пејачот и тоа како изгледа денес.