(ВИДЕО) Македонската Царина заплени автобус на Табановце – еве што најде во него

Царинската управа утрово излезе со соопштение до јавноста во кое што се вели:

Запленет автобус со специјално конструиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока.Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата, на граничниот премин Табановце се пријавил автобус на српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.

Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што увидени се прегради во делот на креветот за возачите каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови кај задниот дел од автобусот.

Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена плоча со тапацир, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.

Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.